речник контакт

Со 160 илјади евра ќе се реализираат 11 проекти од Годишната програма за локалитетот Стоби

Годинава продолжуваат истражувањата на градбата со Арки и завршување на Центарот за посетители

Петар Печков

Со  160.000 евра  колку што доби НУ Стоби ќе се реализираат 11 проекти на археолошкиот локалитет Стоби со Годишната програма финансирани од Министерството за култура.  Шест се за заштита на културното наследство,  четири од музејската дејност и еден за набавка на опрема.


„Продолжуваме со проектите од минатата година, акцентот е на Градбата со арки и на резиденцијалниот и комерцијален кварт наспроти Епископската базилика. Таму течат истражувања и доистражувања но и конзервација. Годинава го вклучуваме северозападниот бедем,па мозаикот на Партениј да се доврши за да се презентира. Најголем акцент е на Центарот за посетители,  таму лани вградивме центар за климатизација и   вентилација а годинава ќе работиме да се среди партерно, дасе направи  лапидариумот. Треба да одлучиме каков вид ќе биде изложбата на долниот кат и ако се биде според планот на есен да се отвори за посетители“ – кажа Силвана Блажевска директорка ан НУ Стоби.   

Годинава ќе се работи на конзервација, реставрација, реконструкција и археолошки доистражувања на Римскиот театар, на Градбата со Арки, на резиденцијалниот и комерцијален кварт од рановизантискиот период и  на северозападниот бедем –фаза 1. Ќе се работи тековно одржување и партерно уредување на локалитетот, како и реализација на  објектот Стара железничка станица и негова адаптација во Центар за посетители, фаза партерно и внатрешно уредување. За реализација на овие проекти предвидени се осум милиони денари. 

За четирите проекти од областа на музејската дејност предвидени 900.000 денари. Конзервација и реставрација на мозаична декорација –дрвен мобилијар откриен во Епископската резиденција, изработка на постаменти за камени споменици во лапидариумот и набавка на конзерваторски материјал за лабараторија.   За набавка на опрема за лабараториајта наманети се 900. 000 денари.  

Институцијата работи и на зголемување на посетеноста на домашните посетители, оти лани 80 отсто од гостите биле странци а само 20 отсто домашни. За таа цел ја реализираат кампањата „Кога последен пат беше во Стоби“.

Од програмата на  Националниот конзерваторски центар на Македонија, тие во велешко ќе реализираат два проекти. Непосредна заштита – Конзерваторско-реставраторски работи на иконописот од црквата Св. Спас, сeло Ногаевци и изработка на План за управување со споменичката целина село Горно Врановци.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »