Петар Печков
Објавено: вторник, 26 декември 2023
На неколку локации од велешкиот ревир, беше извршено порибување на рибниот фонд. Тоа се однесува на реката Вардар, езеро Младост и река Бабуна и реката Тополка. Порибувањето го изврши ЗРС Бабуна, која е концесионер на водите во велешко.
Вкупно е пуштен 580 кг подмладок на крап и на пастрмка. Порибувањето е во рамките на обврските од добиената концесија од Министерството за земјоделие и водостопанство. Таа беше надгледувана од страна на овластен инспектор м-р Димче Купенков.
„Се изврши порибување на дел од водите кои се во ревирот на ЗСР „Бабуна“ а во согласност со Законот за рибарство и аквакултура. Езеро Младост се пориби со 300 килограми подмладок крап, додека на реката Вардар во Велес 200 кг. Во реката Бабуна е пуштено 50 кг подмладок од пастрмка а во реката Тополка 30 кг подмладок пастрмка. Тие количини се согласно со програмата на ЗСР за годишна работа“ - кажа државниот инспектор м-р Купенков.
Рибата која беше пуштена е набавена од Акватика Неготино.
Tweet |