Петар Печков
Објавено: недела, 15 декември 2013
Карин Ведекинд е малку возбудена. Оваа студентка-сениорка штотуку започнува да слуша предавања од првиот семестар на факултетот во градот Гетинген. Карин повеќе не работи со полно работно време и затоа одлучи да се запише на т.н Универзитет на трето животно доба. Тоа е програма која ја создаде Универзитетот во Гепинген за постарите лица желни за знаење. „Сега имам доволно слободно време и во суштина се интересирам за тоа од каде доаѓаме, како се развило општетството и каде води тоа патување“, вели Карин.
Историја на уметност е првиот предмет кој Карин го посетува тука како студентка. Нејзината колешка Марија Ајгеман факултетот го студира веќе 11 семестри, значи повеќе од пет години. Оваа поранешна учителка дури и се преселила во Гетинген за да може да им е посвети на студиите. „Јас овде повеќе сум заинтересирана за областа на музиката, односно за уметноста, историјата на уметноста и архитектурата. А за овие насоки тука има многу можности за семинари, по моја желба“, вели Марија.
Од основањето на овој универзитет за сениори во 1995. година, бројот на студенти десеткратно се зголеми. Во меѓувреме ги има околу 1.000. Студентите можат да посетуваат регуларни предавања на универзитетот. Покрај тоа имат и специјални предавања за нив. За посета на предавањата усллов не е положена матура, но затоа не може да се добие ни факултетска диплома. Сепак :
„Можеби може така да се уреди постарите луѓе да го внесат своето животно искуство во трудовите што ги пишуваат на универзитетот во истражувањата, кои се спроведуваат и притоа да кажат:размислете уште еднаш, можеби тоа што сте го направиле, може да се направи уште подобро“, вели Јерг Шлемеркемпер претседавач со советот на универзитетот за трето доба.
Две третини од студентите се жени. Со 61-година Карин Ведекинд е една од помладите- повеќе од половина од студентите се постари од 70 година. Карин објаснува што ѝ е најважно при студирањето: „Сѐ додека можам добро да го совладам тоа и ме развеселува, тоа е најважно. Стрес и притисок повеќе не ми се потребни“
А тоа е предност која студентите сениори ја имаат пред младите- барем немаат страв од испити.
Tweet |