речник контакт

Со автомобилот удрил во бетонска ограда, добил скршеница на рбет и завршил на Клинички во Скопје

Сообраќајна незгода која се слулчила во село Горобинци, на жител на село Ианковци

Петар Печков

Сообраќајка вторникот, доцна навечер,  кај село Горобинци, светиниколско, повредени двајца жители на  велешкото село Иванковци. Едниот од нив се здобил со тешки телесни повреди.

„На 18 јуни  во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на патот Свети Николе – село Горобинци, светиниколско, С.С.(70 год) од село Иванковци, велешко, управувајќи патничко возило „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска ограда и во паркирано патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од С.Г.(61 год) од Свети Николе“ – соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С, додека со телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(52) исто така од село Иванковци, констатирани во болницата во Велес. 

„Околу полноќ примени се две лица, од сообраќајка. Дежурен хирург им ја дал потребната здравствена нега, извршени се снимања на 70 годишникот на компјутерска томографија а на второто лцие на 52 годишна возраст на рендген. Констатирано е дека второиот пациент нема повреди и е пуштен дома, додека кај првото лица има скрешница на р`бет. Во текот на попладнето поради специфичноста на повредата е пренесено на клиниките во Скопје“ – соопшти Марина Андова, портпарол на Ошта болница Велес. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе, по што ќе бидат познати причините за несреќата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »