речник контакт

Со активност за мерење на крвен притисок и ниво на шеќер во крвта, одбележан 7 април Светскиот ден на здравјето (фото)

Извршените контроли покажале дека 80 отсто имале повишен крвен притисок 10 отсто зголемени ниво на шеќер на крвта

Петар Печков

Околу сто педесет граѓани денес на 7 април, Светскиот ден на здравјето, во Велес ја проверија нивната здравствена состојба преку мерење на крвниот притисок и шеќерот во крвта. Настанот беше организиран од ЈЗУ Општа болница Велес и се одржа на платото пред велешки театар, каде имаше два пулта, кои го задоволија покажаниот интерес. 

„Околу осумдесет отсто од извршените контроли беа граѓани со повишен крвен притисок а десет отсто имаа зголемено ниво на шеќер во крвта. На сите нив им препорачавме да ги посетат нивните матични доктори. Целта преку овој настан е да ја подигнеме свеста за превенцијата. Превентивните прегледи се клучни за рано откривање на многу заболувања,  особено на дијабетес и хипертензијата. Тие се развиваат без јасни симптоми. Со вакви активности сакаме да ги охрабриме граѓаните редовно да го проверуваат своето здравје и навреме да побараат медицинска помош.  Грижата за здравјето не започнува кога ќе се појави проблем,  туку порано со редовни контроли и  здрав начин на живот“ – кажа д-р Анамарија Џунџева од Општа болница Велес.

Годинашново мото, порака  на акцијата беше „Превенцијата спасува живот“.

Одбележувањето на 7 април Светскиот ден на здравјето во велешка болница продолжува утре, среда, кога во 11ч. ќе бидат претставени ново набавените  медицински апарати. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »