речник контакт

Со акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” се чистеше покрај река Бабуна и Островче кај Градски парк (фото)

Чиста животна средина е наше право, но и наша одговорност - порачаа од локалната власт

Петар Печков

Oпштина Велес се приклучи на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”, во организација на компанијата “МЕН EНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Делегација на Европска унија.

„Чиста животна средина е наше право, но и наша одговорност“ - порачаа од локалната власт

Дел од службите од Општина Велес, заедно со ЈКП Дервен, ЕГ "Грин пауер", ЕД "Вила зора" и Здружение за безбедност на вода и планина "Македонски спасител", граѓански организации и заинтересирани граѓани се вклучија во акцијата за чистење на зелениот појас околу реката Бабуна потегот од летниковецот во напосредна близина на “АГРИА” до т.н трети вир а во друг дел се честеше  „Островче“ во реката Вардар кај  Градскиот парк.

Како дел од акцијата вчера се собираше и селектиран отпад во Детската градинка  "Димче Мирчев", ПОУ "Маца Овчарова" и сите основни и средни училишта во градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »