Петар Печков
Објавено: петок, 06 март 2026
Полицијата успеала со апсење на само едно лице, да го сопре крадењето паричници од граѓаните во Велес. Ова беше објавено на последната седница на Советот, кога одговарајќи на прашањето од советничката Весна Атанасовска, што презема полицијата за да ги сопре т.н. „џепчии“ кои, ги одземаат паричниците пред се од повозрасната категорија граѓани.
„Во 2025 усепавме да се спречат кражбите на градски пазар и пазарче. До мај 2025 пријавени се украдени 300 новчаници најчесто до повозрасни сограѓани. Сторителот е фатен на 1 мај на дело, оттотгаш нема пријава за одземен новчаник, дрска кражба. Кај него во моментот на апсењето беа пронајдени 25 илјади денари“ – кажа Ненад Дејановски, командир на ПС Велес.
Во однос на тешките кражби се бележи од година во година опаѓање. Во 2023 година имало 240 тешки кражби, во 2024 бројката била 137, лани до август биле регистрирани 76 случаи.
Појаснување тешки кражба е кога се врши со насилно отворање на домот, објектот, се врши со оружје или во група, без оглед колкава е материјалната штета.
| Tweet |




