Петар Печков
Објавено: петок, 19 октомври 2018
Со пуштање на балони во воздухот, децата од градинките симболично ја отворија годинашната Питиајда. Со 19 учесници во официјална програма и уште толку во придружните манифестации, Фестивалот ќе понуди на гостите забава за сите вкусови и сите генерации.
Штандови имаат Жито Вардар, Баже Пити, Клуб Милениум, Аркадија, Стара Деспина , Пица тајм, Тиквеш, Стоби, Кожувчанка, Шато Сопот. Цената на една пита пастрамлија е 150 денари а на чаша вино е 30 денари.
Фестивалот има хуманитарен карактер, се собираат средства за лекување на 14 годишниот Кристијан Андреев.
Tweet |