речник контакт

Со вежби и овошје против пролетен замор

Оваа состојба се препознава по симптомите како брзо заморување, недостиг од концентрација и необјаснива потреба за спиење во текот на целиот денот

Петар Печков

Со проблемот на пролетен замор се соочува речиси секој втор човек. Оваа состојба се препознава по симптомите како брзо заморување, недостиг од концентрација и необјаснива потреба за спиење во текот на целиот денот. И покрај добар одмор и квалитетен сон, луѓето се чувствуваат дека не се во форма и дека им е намалена работната способност. Најголемо влијание за оваа состојба имаат наглите промени на времето, на кои организмот на човекот тешко се адаптира, велат лекарите.

Пролетниот замор почнува да напаѓа кон крајот на зимата, а може да потрае до мај. Во текот на пролетните месеци особено се чувствителни метеоропатите кај кои се засилуваат главоболките и мигрените, дигестивните проблеми и проблемите со чир на желудникот. Чести се случаите на нерасположение и депресија, нервни проблеми и проблеми со концентрацијата. 

За оваа пролетна исцрпност е виновна и едноличната зимска исхрана, која изобилува со маснотии, протеини од животинско потекло, сол и шеќер, а недостасуваат важните витамини и минерали што му се потребни на телото. Посебен проблем е недостигот од витамин Ц, кој доведува до послаба искористеност на кислородот во организмот и до опаѓање на имунолошкиот систем. Организмот на овој начин е поподложен на настинки и болести. Затоа за да се ублажи пролетниот замор треба да се зема постојано витамин Ц.

Во периодот на пролетта важно е исхраната да се измени и да се внесува што е можно повеќе овошје и зеленчук, како и мешункасти растенија, за да може организмот да ги добие потребните минерали, витамини и олигоелементи. Зелената салата, рдоквите и младиот кромид и лук се првите пролетни зеленчуци, кои освен витамини содржат и минерали и важни биоактивни супстанции кои го зајакнуваат имунитетот. Во меѓувреме, додека новиот зеленчук стаса на трпезата, секогаш ручекот може да се збогати со карфиол, зелка, морков и лук. Може да се користат и витамински додатоци и минерали, иако лекарите ги препорачуваат, пред се', природните извори на минерали и витамини. Важна е и телесната активност, многу сонце и рекреација.

Се препорачува наутро прво туширање со млака, па со студена вода. По туширањето треба да се вежба пет минути. Најдобри вежби се оние со свиткување на телото и колената. Во текот на денот се препорачува 30 минути пливање, трчање или возење велосипед.

Ако лекарот дозволува, еднаш во неделата треба да се посети сауна. Така се чисти организмот. Ако не, вечерна бања во топла вода со додаток на етерични масла, која ќе помогне да се ублажи стресот и да се врати отпорност. 

За совладување на пролетниот замор е важен и појадокот и, секако, пиењето многу вода, барем литар и пол дневно. Таа го поттикнува варењето и дава чувство на леснотија и телесна сила на организмот, со што автоматски се намалува чувството на замор и исцрпеност.

Како да се победи пролетниот замор

Житарки: Во многу долготрајни истражувања житарките се покажале како совршен избор за појадок, поради енергијата што ја даваат. Тоа е така бидејќи содржат големи количества на јаглехидрати, белковини, целулоза, минерали и витамини. 

Банани: Секое овошје е поволно за враќањето на енергијата, а бананата се смета за најголем извор. Таа е богата со калиум, магнезиум и витамини Б, па е совршен избор за ужина на сите што сакаат успешно да се изборат со заморот.

Цимет: Чај со цимет, колач со цимет. Освен што мириса одлично, тој со силата на својот мирис го подигнува целиот организам и е одличен за подобрување на концентрацијата.

схрана богата со железо: Анемијата е честа причина за исцрпеност особено кај жените. 

Важен е сонот: Голем дел од луѓето не спијат доволно. Важно е да се спие седум-осум часа ноќе. .

Намалете го кофеинот: Преголемото внесување кофеин ја намалува концентрацијата на витамин Б во организмот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »