Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 април 2024
Денеска 15 април, во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се одбележа 15 – април, Денот на Командата за обука и доктрини. Командата за обука и доктрини (КОД), како носител на традициите на пристигнувањето на првите регрути на отслужување на воениот рок и пополнување на армиските единици, го одбележа овој ден со воена свеченост.
Пред присутнтеи гости се обратни командантот на КОД, полковник Васко Коколански.
„Командата во изминатата година во целост ја има исполнето својата мисија во поддршка на единиците на Армијата, а со своите инфраструктурни капацитети, пред се Армискиот полигон „Криволак“ се овозможува потребна поддршка и на сојузничките и партнерски армии. Тој истакна дека исполнувањето на дадените задачи се должи не само на поддршката од Генералштабот,туку и на високиот професионализам, обученост и мотивираност на припадниците од КОД. За да се постигне високо ниво на оспособени капацитети, потребни се прописи, стандарди, инфраструктурни капацитети за поддршка на обуката и високо мотивиран инструкторски кадар за обука на персоналот, со еден збор се она што се наоѓа во КОД“- кажа полковникот Коколански.
Тој истакна дека, командата во изминатата година во целост ја има исполнето мисијата во поддршка на единиците на Армијата, а со своите инфраструктурни капацитети, пред се Армискиот полигон „Криволак“ се овозможува потребна поддршка и на сојузничките и партнерски армии.
Министерката Петровска пред присутните истакна дека вистинската сила не лежи само во физичката моќ или техничката експертиза, туку и во непоколебливата посветеност на припадниците на Командата за обука и доктрини на македонската Армија кон вистинските вредности и принципи.
„Преку вашето менторство и водство, нашите припадници учат како да бидат подготвени за секој предизвик и како да ги одржуваат највисоките стандарди на Армијата, стандарди на интегритет, чест и почит. И никогаш и под никакви услови не отстапувајте од нив. Изминатите години со нашите сојузници воведовме многу нови содржини за извежбување, а нивната помош и поддршка беше возможна затоа што кај нас препознаа подготвеност за создавање на полигон кој ќе ги понуди сите можности за обука согласно највисоките стандарди на Алијансата“ – порача министерката Петровска.
Таа потенцира дека преку посветеноста и професионалноста, се дополнителен мотив да се продолжи со мудрото инвестирање и во опрема и во инфраструктура, но и во човечкиот капитал. Петровска се осврна и на развојот на армискиот полигон „Криволак“ кој е дел од оваа Команда, како најдобриот пример за инвестиција во новите можности за обука.
Во рамки на воената свеченост беше реализирана показна вежба со службени кучиња од Центарот за одгледување и дресура кој е дел од КОД, беа изложени дел од вооружувањето и опремата.
Командата за обука и доктрини го одбележува 15 април, како носител на традициите на периодот кога во 1992 година во редовите на Армијата, во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид отпочнаа да пристигнуваат првите регрути на отслужување на воениот рок. А првиот беше велешанецот Панче Јамандиев.
фото ФБ/ АРМ ФБ/ Министерство за одбрана
Tweet |