Петар Печков
Објавено: недела, 14 јули 2013
Поради зголемениот интерес за присуство на Фестивалот Пиво фест во Прилеп, МЖ Транспорт и годинава до Прилеп ќе пушти во сообраќај вонреден воз. Композицијата на возот ќе биде составена од штотуку реновираните патнички вагони. Возот ќе сообраќа в сабота и недела.
Во Велес во правец кон Прилеп ќе тргне во 11:42, од Богомила во 12:34, а во Прилеп ќе биде во 13:15 часот. Од Прилеп кон Скопје возот ќе сообраќа в недела и понеделник, со време на тргнување во 01:18 часот по полноќ. Во Богомила возот ќе пристигне во 01:58, во Велес во 02:49.
МЖ Транспорт потсетува дека кон Прилеп во деновите на „ПИВО ФЕСТ“, сообраќаат и редовните патнички возови кои од Скопје тргнуваат во 06:48, 14:30, 17:10 и 19:38 часот, а во повратен правец од Прилеп за Скопје во 03:49, 06:10, 13:35 и 19:24 часот.
Цената на повратен билет на релацијата Велес - Прилеп - Велес изнесува 254 денари. Исклучок е деловниот воз „Хераклеа експрес“ за кого треба да се доплатат 22 денари за повисок ранг воз и 27 денари за резервација за место за седење.
Tweet |