речник контакт

Со втората пресуда се ослободени, откако со првата добија 16,5 години затвор за убиство во обид

Драган и Радо Јованови од Кавадарци сториле кривично дело,но не тоа за кое се гонат -одлучи судот

Петар Печков

Таткото и синот Драган (35 год )и Радо (55 год)  Јованови од Кавадарци  се ослободени од обвинението дека  сториле убиство во обид.  

Во образложението за пресудата донесена во Основен суд Велес пишува дека ,, неспорно е дека во конкретниот случај оштетениот се здобил со телесни повреди, неспорно е и дека е употребен општо опасен предмет -моторна пила, меѓутоа делувањето на обвинетите со моторната пила не било со цел да го извршат кривичното дело Убиство. Од вака изведените докази не произлезе дека противправното делување на обвинетите и употребата на моторната  пила кон телото на оштетениот е насочено кон лишување од живот на оштетениот. Напротив неспорно е дека обвинетите презеле противправни дејствија кои ги остваруваат елементите на друго кривично дело, а не на кривичното дело Убиство во  обид,,.  

Претходно Јованови   добија 16,5 години затвор, Драган девет а Радо 7,5 години.  која Апелација ја врати на повторно судење.  Тогаш при изрекувањето на пресудата,  откако беа прогласени за виновни, Радо кој беше присутен во судската сала на Основен суд во Велес, падна како покосен, изгуби свест и заврши во Болница.

Делото за кое тие се товарат се случило на 14 јули 2014-та  кога поради нерасчистени должничко доверителски односи, во домот на Јованови, Драган со моторна пила, која била во погон го нападнал Симо, при што му нанел повеќе рани на телото. Подоцна во настанот се приклучил и таткото Радо, кој со тупаници го удирал Симо по телото и главата. Симо во таа борба успеал да се спаси и избега, иако имал повеќе повреди на телото.

Обвинетите не го негираа стореното а нивниот адвокат тврдеше дека не станува збор з а убиство во обид, туку за друго дело.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »