речник контакт

Со гемија до Гевгелија

Гемијата повторно по 17 години, овој пат по 11 пат, ќе заплови по Вардар.

Петар Печков

По единаесетти пат и по пауза од 17 години, од Велес до Гевгелија четири дена, почнувајќи од први јули четврток, ќе запловат педесетина велешани, кајакари и војници. Тие ќе го возобноват традиционалниот превоз од крајот на 19-тито век, кога Велес како трговски центар на Македонија со гемии ја пренесувал стоката по Вардар до Солун.

Сакаме преку оваа регата да ги негуваме традицијата и историјата на македонскиот народ, да ги пренесеме културните вредности на помладите генерации, поврзување на општините од Вардарскиот плански  регион, промовирање на реката  Вардар како можност за меѓусебна соработка, промовирање на здрава животна средина и создавање на навики за нејзино чување – изјави на прес конференција  Марко Колев од организациониот одбор, претставник на Вардарскиот плански регион кој заедно со општина Велеси Сојузот на спротови се организаторите на регатата.

Таа ќе трае четири дена а учесниците ќе ноќеваат во Стоби, Демир Капија и Марвинци. За пловење се гради специјална гемија составена од десетина борови трупци со должина пет на три метри а ќе учествуваат и неколку чамци и десетина кајак кануисти од сите велешки спортски клуба. За безбедноста на учесниците ќе се грижат припадници на МВР и АРМ а за кампувањето и ноќевањето се задолжени извидниците од одредот Димитар Влахов.

По  повод тргнувањето на регатата в среда во 21 часот на кејот кај Мало мовче ќе се одржи вечер на патриотски музички рефрени со учество на Елена Велевска, Гоце Арнаудов и група Виртус.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »