Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 декември 2019
судија Михајловски Скопје
Градски стадион Зоран Паунов Велес
стрелец -Прелчец 5 мин.
ФК Борец 1919: Мустафа, Пеев, Стојковски (ж), Ѓоргиев (ж), Прелчец, Николовски, Абаз, Ефтимов, Гавриќ, Трајков (ж), Ристовски (ж) играа и Блажевски, Лазаревиќ, Коцев
ФК Ренова: Велии, Фетаи, Адеми, Гафури, Кадриу, Миовски, Мишковски, Садики, Селмани, Велија, Зука играа и Селмани и Миовски
Со голот на хрватскиот интернационалец Никола Прелчец постигнат уште во 5-тата минута, велешкиот прволигаш ФК Борец стигна до победа и три бода, со кој го зголеми скромното бодовно салдо и се искачи на 8-то место на табелата на Првата лига.
Велешани против тетовскиот прволигаш можеа да поведат и една минута порани кога стрелецот Прелчец сам пред гостинскиот голман не беше прецизен, биеше покрај голот. Во финишот повторно Прелчец во 83-тата минута имаше, гол шанса но ја промаши топката. Гостите со скромен учинок и заслужени три бода за велешани.
Во следното последно коло ФК Борец 1919 гостува во Струга на ФК Струга ТМ која е шеста со 23 бода и можност да се поправи слабиот учинок на гостувањата, без ниту еден освоен бод.
Tweet |