Петар Печков
Објавено: среда, 23 мај 2018
Железничките станици во Велес и Чашка беа предадени во упротеба, откако истите беа реконструирани со европски пари во висина од 400 илјади евра. Тоа е грант од проектот ,,Подобро поврзани,, вреден 2,14 милиони евра, со кој за реконструираа 10 железнички станици во Македонија, дел од Коридорот 10, кој со пруга ги поврзува Салцбург и Солун. Железничката станица во Велес е најстарата станица во Македонија, каде на 9-ти април 1873-та стигнува и првиот воз од Солун во Велес.
Денес сме во проверка каде тоа ЕУ вложи пари за развој на железницата. Тие не се само за пругите, станиците, сообраќајот, туку за луѓето, полесено да патуваат. Дури и предвидовме за лицата со посебни потреби да имаат полесен пристап. ЕУ не инвестираше само во железницата, туку и во автопатиштата, тие да бидат побезбедни и досега има инвестирано околу 250 милиони евра. Така ќе има подобар економски развој и со цел да се забрза транспортот. Добата вест е што не само што вложувавме туку продолжуваме и натаму да помагаме за развој, пред се во транспортот, во железницата оти таа е најчистиот и најисплатливиот превоз, кој ЕУ ќе го помага - рече Самуел Жбогар Евро амбасадорот на ЕУ во Македонија.
Иако според проектот, реконструкцијата требаше да заврши на 31 декември 2015-та, градежните работи завршија во октомври 2016-та а отворена за патниците беше година и пол подоцна. За тоа време по дожд и снег, по сонце патниците чекаа на отворено, вадеа билети на отворено. Потпретседателот на Владата Бујар Османи задолжен за европските прашања проектот на ЕУ го оцени со 10-ка.
ЕУ најдобро знае да ги таргетира потребите на оваа држава, патиштата и железниците кои се крвотокот на економија. Благодарност до граѓаните на ЕУ кои овие вложувања не ги позајмија, ниту се кредит, туку грант. Овие пари можеле да ги вложат во нивните железници, но се одлучиле за во Македонија. Идејата на ЕУ е поголема од формата, таа е поврзување на луѓето и народите, во еден систем на вредности - порача Османи.
Тој потсети дека ЕУ од 2007-та до сега во Македонија вложила 1,2 милиони евра, неповратни средства преку два пакети, со цел македонските граѓани да имаат европски начин на живот Кочо Анѓушев, потпретседател на Владата задолжен за економски прашања, се заблагодари на ЕУ нејзините даночни обврзници за овој грант .
Оваа станица и овој проект е само еден пример зошто присоединувањето кон ЕУ на граѓаните на Република Македонија ќе им донесе економски бенефит. Патот кон ЕУ и НАТО не е само политички, туку за подобар и поквалитетен живот на граѓаните. Да потсетам дека ЕУ даде грант од 130 милиони евра за изградба на железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка и до Крива Паланка до граница. Реконструкцијата на Железничката станица Скопје беше со грант од ЕУ во висина од 2,5 милиони евра. Затоа кога работиме со грант од ЕУ имаме одговорност и пред нашите даночни обврзници, но и кон граѓаните на ЕУ - кажа Анѓушев.
Гостите со новиот кинески воз, излепен со пораки за ЕУ, се возеа до населба Чашка, каде исто така беше предадена на користење реконструираната зграда на железничката станица. Од сите станица останува уште таа во Гевгелија, но таму има проблем оти истата е културно наследство.
Tweet |