речник контакт

Со дела графики авторот Ангел Коруновски се претставува пред гостите на 62 Рацинови средби

Делата се изложени во фоајето на Велешкиот театар и ќе бидат поставени до 17 јуни, до затворањето на фестивалот со претставата „Рацин“

Петар Печков

Со 11 дела графики, дел од изложбата насловена „Летаргија“, скулпторот Ангел Коруновски се претстави пред гостите на 62. Рацинови средби во Велес. Изложбата е интимен сублимат на авторот за случувања во светот и човештвото во изминатите 10-15 години.

„Тоа се скици, комбинација на туш и перо, па во специјален програм, потоа рачно цртани и на крај се прават графики, принтови со многу висока резолуција и секое дело е оригинал. Темата е глобализација, брзи информации, губење на човечноста. Порано човекот беше главна инспирација на сите уметници, драматурзи, писатели. Сега тоа е сведено на минимум. Секоја слика има порака, која е комплексна“, кажа Коруновски.

Делата се изложени во фоајето на Велешкиот театар и ќе бидат поставени до 17 јуни, до затворањето на фестивалот со претставата „Рацин“.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »