речник контакт

Со доброволна работа го уредија патот до селото Сливник

Жителите на селото Сливник, велешко, сами го обновија патот до селото, откако локалната власт со години ги заборава.

Петар Печков

Со доброволни прилози и сопствена работна рака ги уредија трите километри од земјениот пат кој ги спојува со Велес. Бидејќи поголемиот дел од патот, седум километри е асфалтиран а приодот до селото е земјен и каллив, решиле сами да го поправат од дупките,  нерамнините и да ја санираат лошата состојба во кој се наоѓа.

Тие собрале илјада евра и со тие средствата ангажирале механизација да го израмни патот, по што полесно петстотините жители стигнуваат до градот.

Ова е реакција на тоа што општинските власти и покрај повеќегодишните барања, останале неми и патот не биул поправен. Селото Сливник брои околу 500 жители.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »