речник контакт

Со забава на најмладите, за енергетска ефикасност (фото)

Промовиран проектот за енергетска ефикасност

Петар Печков

Во Младинскиот парк со забава на децата од сите шест клона на Детската градинка ,,Димче Мирчев,,   симболично беше промовиран проектот за енергетска ефикасност.  

Со него треба да се постави изолација на објектите, заради енергетска ефикасност. Започната е реализација на проектот во пет објекти а од  локалната самоуправа најавуваат дека и шестиот, кој е во месноста Дворови, ќе добие ваква термо фасада.  Работите треба да   завршат по почетокот  на септември. 

 За енергетската ефикасност работиме во градинките  неколку години наназад,  да ги замениме сите светилки со штедливи, старата дограма е заменета со нови ПВЦ прозорци, во сите објекти. Сега  зградите ќе добијат термоизолациони фасади кои  ќе ни з штедат средства за градинката и нивна премамена во други цели. Остануваат подовите и таваните да се  уредат за енергетска ефикасност – рече директорката Аница Цецева.

 Во градинките има 1200 деца, чии родители кои месечно плаќаат по 1,5 илјади денари за услугите. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »