Петар Печков
Објавено: четврток, 26 ноември 2020
Во тек се засилени земјени работи за уредување на земјиштето, каде ќе биде поставена монтажната ковид болница во Велес. Таа се наоѓа до хелидромот од Градската Болница, на површина од илјада метри квадратни.
Заради побрз ископ и нејзина реализација, таму работат три градежни фирми од градот, кои според процените треба да исфрлат 2,8 илјади метри кубни земја. За овие градежни работи, кои опфаќаат и поставување на инфраструктура, локална власт обезбеди 1,5 милиони денари.
Општина Велес треба да обезбеди приклучок за вода за пиење, прибирање и одведување на фекалните отпадни води, приклучок за електрична енергија и ископ и исфрлање на земјен материјал, со што ќе се создадат услови да започне изградбата на основата, на која ќе се постават елементите на модуларната болница - изјави д-р Божидар Бојаџиев директорот на велешката Болница.
Таа според планот за работа, треба да има капаците од 45 легла. Откако ќе се постави основата потребни биле 7-8 дена за производство и уште толку денови за монтирање на монтажната болницата, која ќе ја работи велешки „Брако“.
Целта за поставување на 16 вакви ковид болници во Македонија, е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на ковид-19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.
Tweet |