речник контакт

Со затоплувањето се појавија масите кои пливаат по површината на езеро Младост

Во периодот што следи, ќе цутат алгите и тоа според стручната литература е единствената можност за испитување на водата и евентуалното присуство на цијанотоксините, откако претходно веќе се констатира дека има цијанобактерии

Петар Печков

Со покачувањето на температурите во крајбрежјето на езерото Младост се јавија нови маси кои пливаат по површината, што се изумрени органски материи. Стручните лица велат дека тоа се изумрени  материи, кои се јавуват со згоелмувањето на температурите. Зимава и лани во месеците нив ги немаше. 

„Овие маси што се појават на површината не е од канализацијата, туку од мртвите алги. Се додека тие не се отстранат  пак водата ќе биде загадена“ – кажа д-р Флорентина Шурбевска Ристовска, поранешен директор на Центарот за јавно Здравје Велес.

Од оваа институција во сите извештаи инсистираат да се испита присуството на цијанотоксини во водата. Во периодот што следи, ќе цутат алгите и тоа според стручната литература е единствената  можност за испитување на водата и евентуалното присуство  на цијанотоксините, откако претходно веќе се констатира дека има цијанобактерии. 

Откако се исчисти 4,5 км должина по брегот на езерото, во тек е транспорт на отстранетите наслаги кои се состојат од изумрена трска, кал и мул. Тие се транспортираат до депонијата на ЈКП Дервен, што било одобрено од Министерството за животна средина. 

Распишан е и јавен повик за фирма која ќе изврши две бушотини во долниот тек на сега пресушената Отовичка река. Количеството на вода што треба да се добие а според извршените хидро геолошки испитувања покажало дека има вода која треба да го полни езерото. Така ќе се добива кислород, кој според стручните лица од Хидробиолошки Завод од Охрид е неопходен за негова ревитализација. За јавниот повик имало голем интерес, по што ќе биде избрана најповолниот понудувач, кој наредниот период треба да ја изврши оваа задача. 

Според планот за спас на езеро Младост, што го препорача Хидробиолошки завод од Охрид, беа неопходно чистење на крајбрежјето и дотур на вода во него. За овие две работи Владата обезбеди 10 милиони денари.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »