речник контакт

Со игла и конец создаваат уметност

Цеца Србова освен што работи со конец била и декоратер во порцеланка и со рака украсила илјадници чинии и фигури. Велика Гелева рачните изработки ги поклонува. Македонка Иванова ги понуди изработките од чеизот

Петар Печков

Со денови и непроспиени ноќи  создавале уметност од конец. И тоа со игла, чингелакија, трпеливо а зад себе оставиле голем број рачни ракотворби. Тие беа изложени на Фестивалот на питата и виното и така организаторот сакаше да ја афирмира вредната велешка жена, домаќинка, која има со што да се пофали и гордее.  Една од нив беше Цеца Србова. Таа изложи  рачни изработки плетени , блузи,м џемпери, шалчиња,  фустани, се од тенок конец. Научила од 10 години. 

Гледав како работат  тетките од маалото , земав чингелакија и конец и почнав тешка работа. Плетам и сега и сега уживам, плетам и ноќе, тоа ме одмора.  Најголем одмор ми е  плетењето, само да имам  конец  до мене.  Младите сакаат да носат, но не знаат да работата. Изработките   ги подарувам за деца кога се раѓаат и за свршок - објаснува Србова. Вели дека тоа е тешка работа, котелец, по котелец да создадеш дело, кое е уметност, кое малку се цени во земјава, но во странство го бараат.  Била вработена во велешка Порцеланка, дел од трите илјади работници. Имала интересна  и несекојдневна работна задача.  

Работев како  декоратер. Со четка  со слободна рака, цртав  фигури, сервиси за ручање,  за колачи.   25 години работев по 30 сервиси  дневно.   Бројот три е мојот на сите сервиси и кога ќе отидам некаде на гости и кога ќе видам тој број,  тоа ме прави среќна, што сум оставила трага. Додека завршив средна школа, чети години сама се издржував, со продажба на рачни изработки. Бевме седум члена во семејството а само татко ми работеше и тое во трговија  - рече Цеца. 

 До неа на штандот беше  Велика Гелева. Таа изложи детски работи, блузи, болера, плетено на една и две игли и на чингелакија.

 Преокупација мие  изработка на детска облека.   Љубовта ми е од мали нозе. прво научив да плетам па потоа да читам. Учев од мајка ми  и баба ми, го крадев од нив. Ме исполнува, додека плетам, заборавам на се и работам со љубов. Рачната изработка е скапа, помалку се купува кај нас.    Изработеното не е за комерцијална продажба работам за своја душа туку го подарувам . Тешко е но со љубов и вешти раце се може - кажа Гелева.    

Македонка Иванова ги изложи  рачните изработки, кои љубоморно ги чува дома.  

Овие прекривки можат да се користат во дневни соби, трпезарии. Изработките не губат мода и секогаш се добредојдени да се постават. Младите слабо ги користат, тоа е голема грешка, велат било демоде - рече Иванова. Нејзините изработки не беа на продажба, ќе ги остави на внуките.     

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »