речник контакт

Со изложба на дела од Белогаски, честитка за Денот на жената 8-ми март во Велес

Пред велешани се претставени 30-тина цртежи на цвеќе изработени во акварел

Петар Печков

Несекојдневна, но и предвремена  честитка за 8-ми март добија жените од Велес. Музејот на града Скопје, заедно со Народниот музеј на Велес претставија изложба на дела од Љубомир Белогаски, еден од претставниците на првата генерација современи македонски сликари и основоположници на македонската современа ликовна уметност.

Ова е наша честитка за жените од Велес, преку овие 30 букети цветови, дела на Белогаски.  Цвеќето како најубавиот подарок за претстојниот празник, и ние им го подаруваме на велешанки. Белогаски е врвен мајстор на акварелот, а тоа е најтешката дисциплина во уметноста каде нема поправање – рече директорката на Музејот на град Скопје Љубица Кондијанова, при отворањето на изложбата. 

  Таа е поставена во Ликовниот Салон во Велес каде ќе може да се погледа во следните две седмици. Во Музејот на град Скопје се подарени 140 дела на академскиот сликар Љубомир Белогаски. Тој е  освен што е академски сликар, беше и долгогодишен професор и педагог, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »