Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јули 2019
Од Автобуската станица Велес, има три редовни секојдневни автобуски линии и една која сообраќа еднаш неделно. Секој ден од Велес може директно со автобус да се патува до Белград- Србија, Софија - Бугарија, Солун - Грција и во сабота за Виена -Австрија.
Автобусот до Белград тргнува од автобуската во Велес во 20 ч. таму Стигнува околу 5ч. назад до Белград за Велес тргнува во 21,30ч а стигнува околу 6 ч.
За Софија тргнува во 7 ќ. стигнува во 12ч. а од Софија за Велес поаѓа во 16ч. по бугарско време во Велес е во 21,45ч.
За Солун поаѓа во 17,45 ч. таму е во 21ч. по грчко време. Од Солун тргнува во 7,30ч. по грчко време, во Велес е во 11ч. Патниците кои се за Солун треба претходно да имаат купено билет, за автобусот да влезе во Велес, во спротивно, продолжува за Грција без запирање.
Автобусот за Виена сообраќа само во сабота, тргнува во 21ч. а таму е во 12ч. недела, додека кон Велес поаѓа во четврток во 18ч. а тука е во 9 ч. петок.
Потсетување дека со воз има меѓународна линија и тоа сезонска, преку лето, кон Солун и Белград, до 16 септември.
Велес- Солун 05,25 / Солун- Велес 18,51 по грчко време
Велес- Белград 21,11/ Белград (Топчидер) - Велес 18,35
Tweet |