Петар Печков
Објавено: вторник, 05 ноември 2024
Локалната валст со повеќе содржини ја одбележува 80 годишнината од ослободувањето на градот. Две содржини веќе се одржаа, викендот крводарителска акција и атлетска трка на 5 и 10 км.
Следните денови најавени се, четврток во Ликовен салон, ретроспективна изложба на дела од Димитар Андонов Папрадишки, за 70 години од неговата смрт.
Петок навечер во Европската куќа е промоција на документариот филм „Кон минатото и сегашноста“ . Сабота претпладне ќе се положат цвеќиња на Спомен Костурницата а навечер на сцената на велешки театар е свечената академија, порано беше свечена седница, на која ќе се врачат наградите за 9-ти Ноември а обраќање ќе има и градоначалникот на Велес Марко Колев.
Во продолжение е концерт на кој велешки музичари ќе исполнат велешки народни песни. Овие три настани се со почеток од 19 ч. Новина оваа година е што ќе бидат наградени учениците и нивните ментори кои добиле награди, прво, второ и трто место на државни или меѓународни натпреври.
Наградите ќе се врачат в среда на пладне во салата на Општина Велес. Четврток, петок и сабота се 57 Детски Рацинови средби.
Tweet |