Петар Печков
Објавено: вторник, 08 април 2014
Со забавна програма ,, Забава, кукли, мапети сите во градинка,, вработените и децата од Детската градинка Димче Мирчев од Велес го одбележаа јубилејот 65 години од работата.
Во шесте клона од градинката тие опфаќаат нешто повеќе од илјада деца од Велес а годинава започнаа и со давање услуги и во клонот во Градско. Во распеаниот, разигран двор на градинката посетителите можеа да видат изработени кукли од еко материјал а децата од средните групи приредија забавна програма.
Магијата на кукларството е проект кој што оваа година го спроведовме со децата од средните групи и преку него научивме да обликуваме кукули, техниките и материјалите од кои куклите се прават. Кукларството е театарска уметност и е еден од начините со кој може да се изразуваат чувствата. Во партнерска соработка со родителите направивме интересни и шаренолики кукли од еко материјали. Денес сите заедно им се радувавме на куклите, сите заедно игравме, пеевме и се дружевме –рече Анида Цецева директорка на градинката.
Tweet |