речник контакт

Со мерцедес излетал од улица и влегол во двор, на Рамина, две жени завршиле во Болница

На патник во воз му се слошило, починал во велешка Болница. Утрово кај локалитетот ,,Стоби,, пронајдени 25 мигратни од Пакистан

Петар Печков

Понеделникот попладне во сообраќаен инцидент на Рамина, автомобил мерцедес излетал од улицата,влегол во двор. Двете сопанички завршиле во Болница, а едната била и бремена. 

На ден 09.07.2018 год. околу 17 часот на ул.“Прохор Пчињски“ се случи сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Мерцедес вито“ со штипски регистарски ознаки управуван од лицето Е.Џ.(37) од Велес изгубил контрола над возилото и со задниот дел удрил во метална врата и влегол во двор на куќа. Во незгодата со повреди се здобиле сопатниците З.К.(34) и Р.В.(35) од Велес кои со возило на Итна медицинска помош при ЈЗУ “Здравствен Дом“ - Велес се пренесени  во ЈЗУ“Општа Болница“ - Велес - информираа од СВР Велес.

Од ЈЗУ Општа Болнциа Велес, портпаролот Весна Лазареска информираше дека двете пантички минале со полесни повреди, во текот на вчерашниот ден биле задржани на опсервација а денес се веќе дома. Едната од донесените жени  К.З. била и бремена а кај неа освен вознемиреност немало други последици. Таа и бебето биле во ред.    

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес по чија истрага ќе се знаат причините. 

Во неделата напладне драма во меѓународниот воз Белград - Солун, која завршила со трагичен крај.Патник кој доаѓал од Љубљана, се пожалил на силни  болки. Кондуктерот за тоа ја информирал итната помош од Велес, која го пречекала пациентот, му дала неопходна помош и го пренела во велешката Болница.

На 08.07.2018 година околу 12,00 часот било пријавено дека во патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје- Велес, на патникот Н.С. (34) од Фурка-дојранско, му се слошило. Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13,00 часот починал. При извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле  пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени  за вештачење. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција - информираше МВР.

Утрово, вторник, кај локалитетот ,,Стоби,,  пронајдени  25 миграни во возило, шоферот побегнал.

На 10.07.2018 година  година во 05.00 часот на  стариот  пат Неготино–Градско,  во близина  на археолошкиот локалитет  Стоби  полициски службеници од Полициска страница за граничен надзор "Михајлово"  се обиделе да сопрат товарно моторно возило "Рено Мастер" со скопски регистарски ознаки, при што возачот го сопрел возилото и се дал во бегство. При преглед на возилото откриени се 25 лица илегални мигранти сите од Пакистан, од кои едно малолетно. Извршен е увид на местото на настанот. Возилото и мигрантите се предадени во Полициска станица Неготино за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »