речник контакт

Со мини концерт на дела од велешанецот Томислав Зографски беше одбележан 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес

Оддадена почит за 378 погинат партизан и 202 загинати цивили во перидот на НОБ 1941-1944 година

Петар Печков

Со мини концерт на Менка Богоевска виолина и Емилија Кабранова Филипова пијано, кои исполнија дела од Томислав Зографски беше одбележан денот на Општината Велес  9 Ноември. Се одржа во Спомен костурницата, каде почиваат 378 погинат партизан и 202 загинати цивили во перидот на НОБ  1941-1944 година. Беше положено цвеќе пред девото на новиот живот, кое е во внатрешноста на Спомен костурницата

„Голема чест ни направија од општината што се одржа овој концерт со дела на Томислав Зографски. Тој како мој брачен партнер, затоа знам, беше горд велешанец и секаде го истакуваше овој податок.  Зограови, како што го именувате вие ова семејство, од каде потекнува Томислав, има роднини во градот, но не знам дали и колку знаат за него. Фондацијата постои 20 години и е единствена во Македонија за класична музика, покрива концерти каде се исполнува негова авторска музика. Имаме преку  материјал архива од две илјади концерти, кој го испраќаме до организаторот, но немаме потврда дали и колку тоа тие објавуваат, сочувуваат од заборавот“ – кажа Панда Зографска сопруга на Томислав и претседател н на фондацијата. 

Вечерва е сведечна седница кога ќе бидат врачени признанијата 9 Ноември. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »