Петар Печков
Објавено: сабота, 05 мај 2018
Петокот на пладне со сообраќајна незгода, жена откако била удрена со мопед, заврши во болница со тешки телсни повреди. Сведоците велат дека глетката била лоша оти пазарлакот од жената која го носела, бил растурен по улица. МВР денес информираше за настанот.
На 04.05.2018 година во 12,30 часот во Велес на улица “Борис Трајковски“ мопед „Томос“ со велешки регистерски таблици управувано од З.Д.(30) удрил во пешакот У.В.(68) од Велес. Во незгодата У.В. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Општата болница во Велес. За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен е увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.
Од ЈЗУ Општа Болнци Велес портпаролот Марина Андова информираше дека кај нив околу 13 ч. била донесена пацинетка, кај која се евидентирани фрактури на горните екстремитети и е задржана на лекување на ортопедија.
Полицијата информира и за исчезнување на велешанец,кој заминал во Скопје во Болница и не е вратен дома по 10 дена.
На 04.05.2018 година во 09,30 часот во СВР Велес, А.Д.(67) пријавил дека на 26.04.2018 година неговиот син Б.А.(45), кој заминал во Скопје во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за да прими терапија до денот на пријавување не се вратил. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето- пишува во информацијата на МВР.
Tweet |