Петар Печков
Објавено: вторник, 14 февруари 2012
Мотокултиваторот со кои велешките комуналци ја обработуваа земјата, преку годината, зимава стана машина за чистење на снегот од градските тротоари. По идеја на вработениот во РЕ Комунална хигиена, Сашко Илиев, на предниот дел од мотокултиваторот марка,, Бертоли,, е инсталирана плоча.
Со нејзина помош лесно и ефикасно сега се чисти снегот од велешките тротоари, на задоволство на вработените кои не го ринат со лопати, но и на граѓаните кои добија неочекувано лесно чисти површини. А мотокултиваторот кој преку зимата беше неискористен, сега стана полезна машина во борбата со снегот.
Tweet |