Петар Печков
Објавено: четврток, 05 април 2018
Здравствените работници од велешката Болница порано од денот, 7-ми април, го одбележаа Денот на здравството. Со ист број на прегледи како и претходните години, но со редуциран број на доктори и здравствен персонал и со ниту една поплака од пациентите, кажа директорот Стровјаноски.
Тој ги посочи годинашниве пораки на Светската Здравствена организација ,,Здравје за сите,, ,,Никој да не избира помеѓу добро здравје и другите животни потреби ,, ,,Секој и секаде да има достапност до здравствените услуги,,. Се пофали и со новините во работата оти потенцира дека во Болницата бил концентриран добар дел од интелекуталната елита на Велес.
Во кругот Болницата ги донесовме сите специјалности, со повлекување на амбулантите од Здравствен дом, со цел пациентите да не лутаат по градот од една до друга амбуланта. Останува уште една која, исто така, ќе се префрли во Болницата. Направивме достапност на специјалистите најмалку од 14 часа, во текот на денот, а основните специјалилности на 24 часа во текот на еден ден - рече директорот д-р Димитар Стровјановски, потсетувајхќи дека го намалил долгот кој го наследил во Болницата.
Најави дека наскоро ќе биде отворен Центар за дијабет, подостапен на граѓаните ќе биде и Интернистичкиот ургентен центар, со адаптација на просторот во приземје, замена на водоводната мрежа, набавка на сончеви колектори за топла вода на сите одделенија и преадаптирана соба со повисоки стандарди за родилки и за новороденчиња, како и нова апаратура од сите области, се вредно 550 илјади евра.
Одговарајќи на новинарско прашање за каква е состојбата со доктори, здравствен персонал, директорот рече дека има недостаток. При тоа прецизираше дека до Министерството за здравство и за финансии доставиле барање за вработување на најмалку 15 доктори кои веднаш би оделе на специјализација. Истата бројка е и за медицински персонал среднисти, не само медицински сестри туку и за лаборанти, физеотерапевти.
Како и секаде во државата имаме недостаток од основните специјалности - општа хирурзи и за дигестивна хирургија и гинеколози. Имаме договор со Гинеколошко-акушерска клиника од Скопје, па така освен три наши доктори специјалисти имаме и три кои доаѓаат од Скопје со што пациентките добиваат достапност на гинеколози. Што се однесува до хирурзите имаме доставено барање за рашавање на овој проблем. Намален е бројот на потешки оперативни зафати поради недостиг на доктори - рече Стровјаноски.
Тој најави дека се во фаза на набавка на три нови лифтови, од кои едниот ќе биде панорамски, прашан во кој рок може да се случи не прецизира но кажа дека постојните се стари 21 години а едниот не работи четири години. На свеченоста по повод Денот на здравјето, беа доделени награди за шест вработени кои заминуваат во пензија.
Tweet |