Петар Печков
Објавено: среда, 06 мај 2026
Со реми футсал екипата на КМФ Кеги моби го заврши настапот во сезоната 2025/26 година. Играа нерешено дома 3:3, во салата Гемиџии, во последното 18 коло, со составот на КМФ Шкупи од Чаир Скопје, кој беше шестопласиран. Така си го доведоа во прашање второто место, вицешампионско, но по поразот на КМФ Форца во Штип, сепак велешани останаа втори.
Тие најавуваа атак на титулата, со неколку засилувања, но тимот нa КМФ Проект беше пресилен за конкуренцијата со 54 бода и ја заврши сезоната без пораз а КМФ е втор со 33 бода.
Овие две екипи играа и во финалето на Купот, каде со убедливи 8:3 славеше екипата од Јосифово, со што ја освои двојната круна.
| Tweet |




