речник контакт

Со нова просторија само за издавање на готови документи, ќе се намалуваат гужвите во Велес

Изборот е просторијата каде спортуваа пожарникарите и е од времен карактер, додека не звршат гужвите со промената на личните документи

Петар Печков

Готовите лични документи, пасоши, лични карти, возачки дозволи жителите од велешко ќе може да ги подигаат од просторија  која беше дел од зградата на Територијална противпожарна единица. Ова беше соопштено при денешната посета на Панче Тошковски, министер на МВР.

„Со голема веројатност изборот каде ќе се издаваат готовите документи ќе биде оваа просторија, каде пожарникарите имаа спортски активности. Изборот е поради човечки, технички ресурси но и близината на просторијата каде се фотографираат граѓаните за нови документи. Службите на Општина Велес изнајдоа решение, по еден разговор од пред неколку дена со министерот“ – кажа градоначалникот Марко Колев.

Тие ќе ја отстапат оваа просторија, неколку месеци, во интерес на граѓаните и додека се заврши со оваа постапка на менување на документите. Министерот реагираше на сликата што ја затекна пред Одделението за граѓански работи во Велес.

„Морам да констатирам дека има многу луѓе кои чекаат. Имав информација дека има дополнителна просторија,  која е на локалната власт каде може да се издаваат готовите документи. Таа не била од итни потреби за пожарникарите и ќе биде ставена во функција за да може луѓето кои ги подигаат личните документи.  Така за ова постапка ќе има друга просторија и без непотребна гужва тие документи  се издаваат. Условите во постојната канцеларија се ужасни. Внатре има илјадници документи, оти нема каде да се стават, страшна е сликата“ – рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Останува сега период  или за колку дена оваа просторија ќе биде приспособена за новата намена.
Во однос на реакциите за пациентите кои треба да се лекуваат во странство а имаат  лични документи со старото име на Македонија, Тошковски кажа дека и тоа било решено.

„За овие лица секогаш има пасоши. Тие може да стапат во контакт со било кој вработен од Министерството, било каде во земјава, овие лица со медицинска документација  ќе добијат патни исправи во најбрз рок и надвор од било која процедура“ – кажа Тошковски.

За наплата на возачките министерот даде негов образложение.

„На седница на Влада беше одлучено важечките возачки и сообраќајни исправи да бидат заменети со новото име бесплатно. Јас кажав дека тоа не е правично решение. Оти огромен број граѓани ги заменија овие документи а тие не беа истечени и ги доведуваме во нерамномерна положба. На седницата ми беше кажано дека дополнително тоа ќе се разгледува. Ќе беше добро да беа опфатени сите граѓани, сите да добиеја бесплатно  а не само овие што сега менуваат важечки возачки дозволи.  Но јавноста треба да знае дека административната такса е останата, не се плаќа само образецот“ - изјави Тошковски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »