Петар Печков
Објавено: петок, 14 февруари 2014
Преку уредување и одбележување на планинарски патеки со 300 илјади денари ќе се развива планинскиот туризам во Повардарјето. Истиот е аплициран до Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој за кој што се одобрени средства во висина од 287 илјади денари.
Целта ни беше да го потенцираме обилното природно богатство со кое располага Вардарскиот плански регион, значителниот број на атракции, кој го прават регионот особено привлечен за развој на планинарењето, но и за нивно искористување во научно – истражувачка, студиско – воспитна и еколошка цел. Дефинираните патеки кои водат до овие убавини како и до планинарските домови беа неуредни и не одбележани со соодветната сигналистика. Поради тоа, патеките не пружаа сигурност и задоволство при пешачењето -изјави Татјана Тасковска од ВПР.
Постојат 10 утврдени планинарски патеки во должина од 139 км во регионот, кои ги користат планинарските друштва и извидниците, 9 планинарски друштва со околу 1500 членови, 13 планинарски домови, манастирски комплекси и други сместувачки капацитети со околу 390 легла. Годишната посетеност е околу 3000 ноќевања, домашни и странски туристи, што е далеку од оптималниот посакуван број.
Не доволната промоција на овие објекти, бидејќи сегашната состојба резултираше со недоволен број на посетителите и остварени ноќевања во текот на една година. Ваквата состојба преставува кочница за руралниот развој. Целта на проектот е да се уреди, одбележи и да се постави сигналистика и урбана опрема на седумте најатрактивни патеки и истите да ги промовира – вели Тасковска.
Тука спаѓа патеката за пристигнување до планинарскиот дом Чеплес, патеката од Планинарскиот дом Чеплес до врвот на планината Јакупица – Солунска глава, патеката до изворите на реката Бабна, патеката до планинарскиот дом Ораов дол, Останатите се во општините Неготино и Кавадарци - кружна патека од Демир Капија преку римскиот локалитет Рамниште, до врвот Горни Краставец.
Потоа до пештерата Горни Змејовец и назад до Демир Капија, кружна патека околу левата страна на кањонот Демир Капија и патеката од Општина Неготино до највисокиот врв на Кожуф, Зелен брег, потоа патеката се спушта на скијачкиот комплекс и завршува повторно до планинарскиот објект Драгаја. Сите овие патеките ќе се уредат и маркираат, така што ќе пружат задоволство и безбедност при пешачењето.
Обележувањето се состои од дрвени патокази и показни табли, со машински издлабени натписи и соодветна заштита, со цел на корисниците да им пружи имформации за насоката на движење, оддалеченоста од крајната дестинација и запознавање со основните податоци за природната убавина. Рекламните паноа и соодветните билборди на нив ја содржат мапата на секоја патека, со одбележани природни убавини покрај кои истата минува. Содржат основни информации за должина на патеката, крајната дестинација, предвидено време за пешачење. Вака подготвените рекламни паноа ќе се постават во кругот на планинарските домови и на соодветните места на почетокот на патеката – додаде Тасковска.
Tweet |