Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 март 2024
Започна првенството во Втората фудбалска лига жени. На гостувањето во Валандово, ЖФК Борец против ФК Победа победи, со која имаат по ист број бодови, по 4, со 4:7 . За велешанки хет-трик постигна Мери Трајковска. Во следното коло дома играат со составот на ЖФК Билјанини извори, кој е 6 пласиран со 6 бода. ЖФК Борец е петти со 7 бода. Во оваа конкуренција се натпреваруваат осум екипи.
Во Третата лига, се одигра второто пролетно коло. Победи забележаа двете екипи од ОФС Велес, ФК Борец и ФК Локомотива а ФК Превалец е поразен дома. На Градски ФК Борец победи со 3:0 (2:0) против ФК Слога од прилепско Лажани која беше на седмото место. ФК Локомотива победи дома во Градско, во соседското дерби и по табела и по близина на двете места, против ФК Марена од кавадаречко со 3:2. (Не)очекувано ФК Превалец дома загуби со 1:3 од ФК Питу Гули од Крушево, кој беше шесто пласиран а домаќинот е трет на табелата. По ова коло ФК Борец е прв, ФК Превалец падна за едно место и е четврти а ФК Локомотива е 10-та со 10 бодови. Лигата бори 11 екипи и испаѓа само последниот. Во наредното 14 коло, дербито се игра во Росоман, каде домаќинот кој е трет, ја пречекува екипата на ФК Борец, ФК Превалец гостува на деветто пласираниот ФК Марена а ФК Локомотива гостува на последно пласираниот ФК Бучим од истоименото крушевско село.
фото ФБ/ ФК Локомотива Градско
Tweet |