речник контакт

Со победа над КК Шкупи, КК Борец баскет во разигрување за Прва лига

Реми за фудбалерките на ЖФК Борец во Тетово, бркаат пласман во Прва лига. Победа и за ракометарите во Гевгелија за опстанок во Прва лига

Петар Печков

 Во 22-то коло од Првата женска лига во фудбал, екипата на ЖФК Борец во Тетово одигра реми со екипата на ЖФК Шкендија 2:2. Иако домаќинките шесто пласирани со 30 бода, велешанки извлекоа нерешено, и се 11-ти со 20 бода. Остануваат надежите дека до крајот, во следните осум кола ќе успеат да стигнат  до осмото место, ко ќе значи пласман во Првата лига, а останатите екипи ќе одат во ново формираната Втора лига. Веќе в среда дома на Градски гостува екипата на ФК ЉУботен која е седмо пласирана со 33 бода.

Се одигра последното 18-то коло до Втората кошаркарска лига Исток, а велешани славеа дома над чаирчани, со која победа се пласираа во разигрувањето за Прва лига. Пресудната победа за пласман во првите четири екипи кои продолжуваат понатаму, во групата „Исток“ остварија кошаркарите на Борец Баскет. Во салта Гемиџиибеа подобри од екипата на Шкупи (85:76), и со скор (12-6) ја сочуваа четвртата позиција на табелата. Следува четврт-финалето, а според постигнатите резултати, за место во Првата Лига, во два одиграни натпревари, ќе разигруваат со победникот во Втората лига Запад Чаир 2030 – Борец Баскет.

Победа и за ракометарите на ГРК Борец, кои во седмото коло од разигрувањето за опстанок во Гевгелија ја победија екипата на РК Партизан 2016 со 28:32 (12:19). Со овие три бода освоени над домаќините, кои имаат две победи, велешани се 3-ти со 15 бода а во следното коло, следниот викенд играат со  соседот на табелата , четврто пласираниот РК Делчево повторно во гости. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »