Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 април 2017
За нешто повеќе од еден час, одбојкарите на ГОК Борец во салата на ОУ Блаже Конески, со максимални 3:0 ја совладаа екипата на Пробиштип (20,16,15). Не очекувано лесно велешани стигнаа до три бода, против дотогашниот лидер на табелата, во натпревар во кој гостите играа или повеќе статираа, немаа желба за да се надигруваат. Па така имаа толку многу не изнудени грешки - сервиси и смечеви во аут или мрежа, што поразот беше неизбежен а велешките одбојкари слабата игра на гостинската екипа ја казнија со победа. По 14 кола, ГОК Борец заврши на третото место со 9 победи и 25 бода а во разигрувањето за шампионската титула ќе игра или Пробиштип го избраа токму велешкиот лигаш за нивен противник. Се игра на два добиени натпревари. Во второто полуфинале играат Струмица и Лешок.
Ракометарите на ГРК Борец во третиот натпревар од плеј офот го забележаа третиот пораз. Овој пат дома, во салата Гемиџии до екипата на Еурофарм Работник од Битола со 26:32 (13:10). Се до 40-тата минута велешани беа во водство, кое во финишот на првото полувреме беше и со предност од пет гола 13:8. Битолчани пресврт прават, казнувајќи ги грешките на домаќините и поведуваат со 16:17, кое водство стигнува и до плус шест 20:26. И на овој натпревар поради повреда не настапи Димитриевски. Дури 19 гола на натпреварот постигна Ивица Илиев, од кои седум од седум метри. Кај гостите Мајнов имаше 8 реализации. Следното коло, следниот викенд во Велес доаѓа лидерот екипата на скопски Металург, која има три победи од три натпревари.
Викендов во Скопје, на патеката Матка се возеше Икас 49 Интернационален илинденски кајак слалом Најуспешен Македонец во К1 беше Љубомир Спасиќ кој заврши на четвртото место со заостанување од околу 10 секунди зад водечкиот, Борче Мирчевски го освои 7. место, Христијан Игњатов заврши на осмата позиција, Енис Небиовски на 9. место и Сашко Нацев на десеттата позиција. Во Ц-1 Сашко Папазов беше 4-ти.
Tweet |