речник контакт

Со победа стартуваа одбојкарите на ГОК Борец во Првата лига

Победа и за одбојкарките на ЖОК Борец во Втора лига. Пораз за кошаркарите на КК Борец баскет во Првата лига

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец стартуваа со максимална победа на почетокот на првенството од Првата лига.Во саботата вечер дома, во салата Гемиџии ја победија екипата на ОК Лирија од Жеровјане со 3:0.(22, 21, 17). Во следното коло, велешани гостуваат на составот на ОК Работнички во Скопје,и тоа е дербито на колото.

Младите велешки одбојкарки ја забележаа првата победа во третото коло на Втората лига. ОК Борец  ја совлада екипата на ОК Шкупи со максимални 3:0  (17; 13; 15)  и по две кола  има една победа и еден пораз. Составот на вториот велешки лигаш  во оваа конкуренција ОК Виола волеј  беше слободен.

Во Првата кошаркарска лига пораз за велешкиот лигаш КК Борец баскет. Поразен е во Струмица од истоиментата еклипа со високи 33 негатива, 88:53. Ова е втор пораз за велешани, и двата на гостувања. Во третото коло КК Борец баскет е слободен, оти КК Шкупи се откажа од настапот. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »