Петар Печков
Објавено: среда, 07 декември 2016
Заврши есенскиот дел од првенството на Трета фудбалска лига Југ. Во последното коло сите три велешки екипи победија, што не се случи во изминатите 12 кола.
Гемиџии во натпревар каде беа постигнати дури 11 гола, славеше со 7:4, против Партизан од прилепско Крушеане, сосед на табелата.
Превалец исто така дома победи со 3:0 против последно пласираниот тим на 11-ти Октомври од Прилеп.
Борец 1919 на гостувањето во Миравци ја победи претпоследната екипа од табелата Зорбас Победа исто така со 3:0.
По 13 кола најдобар пласман има најстариот лигаш Борец 1919 кој е трет со 29 бода и гол разлика од +31. Превалец и Гемиџии се соседи петти и шести со по 23 бода. Есенски првак е Кожуф од Гевгелија со уверливо водство од 36 бода, пред Победа Валандово со 29 бодови. Првенството продолжува напролет. Во повисок ранг на натпреварување во Втора лига, се пласираат трите екипи
Tweet |