речник контакт

Со пожарите постојано на терен, шумочуварот Митковски иако на 60 години не ги користеше препораките на Владата туку беше да го гасне огнот

Митковски кој со денови е на терен во битка со пламените јазици, е вработен во Шумското стопанство Бабуна од Велес, дел од ЈП Национални шуми

Петар Печков

Пожарите кои пеплосаа голема површина од  земјава,  ги доведоа во опасност животите на сите кои учествуваат во нивно локализирање, пожарникарите, доброволците, комуналците, шумарите. Еден од нив е и велешанецот Љубе Митковски. Тој пред некој ден морал да се спасува од обрачот кој околу него го создал огнот и да се бори  за неговиот живот.

„Пред  некој ден ме заобиколи пожарот. Додека земав вода со пумпата од пожарната, паднав, другите избегаа и некако успеав, трчав и сам не знам како за да се спасам. Беше лошо, критично“ –кажа Митковски.  

Митковски кој со денови е на терен во битка со пламените јазици, е вработен во Шумското стопанство Бабуна од Велес, дел од ЈП Национални шуми. Иако без здравствено и пензиско осигурување,  бидејќи немаат плата од месец мај, тој е на првата борбена линија со огнот.

„Се мачиме со огнот. Таман ќе го локализираме, на друго место ќе се распали. Трчаме по пожарната, помага комуналното од Велес, комуналното од Чашка, има доброволци, полиција. Вчера го локализиравме пожарот кај Долги рид, денес се потпали утрово пак“ – вели Митковски.   

Не се штеди иако има 60 години и може да седи дома, по препораките на Владата, Митковски заедно со помладите колеги, но и доброволците, пожарникарите е по површините зафатени со оган. На прашањето дали има време да се види со семесјтвото вели, само ноќе.

„Навечер си идам дома, оти не можеме да интервенираме на терен. Мораме да издржиме. Имам 60 години но останав на терен, иако можев да седам дома поради високите температури. А со огнот е уште пожешко“- кажа Љубе. 

За разделба пред да оди на нов предизвик, вели ова морам да го сработам, тоа е мојот живот, уште четири години до пензија, го давам максимумот. Ме боли колено, грбот, ама не се предавам, порача Митковски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »