Петар Печков
Објавено: петок, 20 мај 2022
Одбележан беше 20-ти мај, Меѓународниот ден на пожарникарите. Пред присутни гости, велешките пожарникари со две показни вежби ја покажаа нивната умешност и знаење, во справувањето со огнот или проблеми настанати при негово локализирање.
„Пожарникарите во најтешките моменти се најхрабри, при интервенција или при секаков вид на елементарна непогода- пожарите, поплавите или земјотресите. Тие ги ризикуваат сопствените животи за да спасат животи на граѓаните и спасат материјални добра. Нашето мото е „Безбеден град, сигурни граѓани, успешна општина“- рече Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес. Посака повеќе опрема, помлади пожарникари , повеќе обуки и помалку интервенции.
Градоначалникот на Велес, Марко Колев на велешките пожарникари им врачи благодарница, за нивниот ангажман при локализирањето на пожарите.
„Испратив неколку пораки до пожарникарите. Изминатите 6 месеци се зближи соработката на ТППЕ и Општина Велес, се подобрија условите за работа, зголемени се надоместоците за работа, за да бидат спокојни при извршувањето на работата. Мојата порака е да имаат помалку интервенции, да нема штета кај граѓаните и природата“- рече Колев.
На одбележувањето на овој ден присуствуваа и дел од децата од велешките градинки. ТППЕ Велес покрива територија на три општини, освен Велес и Градско и Чашка. Таа има 32 вработени а потребни биле според систематизација и бројот на жители во општината, 43 пожарникари.
Tweet |