Петар Печков
Објавено: недела, 19 февруари 2023
Со пораз фудбалерите на ФК Борец го започнаа пролетниот дел од првенство на Втората лига.
На гостувањето во Виница, загубија од екипата на ФК Слога со 4:0 (3:0).
Домаќините во грчевита борба за опстанок со 10 бода, успеаја да слават сигурна победа за три бода, иако цело второ полувреме го играа со играч помалку.
ФК Борец и натаму последен- 16, без освоен бод.
Во следното коло, следниот викенд во Велес гостува ФК Беласица која е 8 пласирана со 23 бода.
Tweet |