Петар Печков
Објавено: четврток, 01 јуни 2023
Се одигра последното коло од Првата женска фудбалска лига. Велешанки го завршија првенството со пораз, во кумановско село Речица загубија од истоимената екипа со 4:0 и се простија од ова друштво.
Следната година ќе играат во Втората лига.
Исклучително лоша сезона во која велешанки забележаа 19 порази, една победа и со три освоени бода се последни 11-ти. Примија и 164 гола, или по 8 на натпревар а дадоа само три.
Tweet |