Петар Печков
Објавено: недела, 16 мај 2021
Стадион спортски ценатар Пандев Струмциа
Судија:Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Стрелци: Манев 13`, Велиновски 25` и 49` за ФК АП и Трајковски 49`
ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Јовановски, Ферати, Илиев, Јованов, Крстевски, Манев, Мартинага, Радевски, Серафимов, Стоилов, Велковски
ФК БОРЕЦ 1919: Георгиевски , Баша, , Ефтимов,Мишов, Османоски, Ристовски, Шиков, Силва, Стоименовски, Талаков, Трајкоски
Со пораз велешки Борец ги заврши натпреварите од Првата фудбалска лига, сезона 20/21. Во последното коло во Струмица е поразен од екипата на ФК Академија Пандев со 3:1 (2:1).
Натпреварот за ФК Борец немаше никаково значење, додека за домаќините само победа им обезбедуваше опстанок. И во таква состојба, струмичани со головите на Манев 13` и Велиновски 25 поведоа со 2:0 додека Трајкоски во финишот на првото полувреме 42` намали на 2:1. Велиновски на отворањето на второто полувреме 49` го постигна неговиот втор гол, зголеми на 3:1, резултат кој на крај беше и конечен.
ФК Борец по овој пораз падна за едно место на табелата и го освои конечното 8-мо со 40 бода. Обезбеден е опстанок во една труболентна полусезона, втората, кога од бораба за висок пласман дојде да се бори за опстанок.
Нов првак е ФК Шкендоија, од лигата испаѓаат ФЛ Беласица и ФК Вардар, додека ФК Силекс и ФК Ренова ќе играат бараж за опстанок со ГФК Охрид Лихнидос од Втора лига Запад и ГФК Тиквеш од Кавадарци од Исток. Настап во Европските купови обезбедија ФК Шкупи и ФК Струга ТЉ.
Tweet |