Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 декември 2018
Викендов се одигра првенствениот натпревар од последното есенско коло, деветото на Првата одбојкарска лига. Дома во салата на ОУ Блаже Конески, ГОК Борец загуби со максимални 0:3 од екипата на ОК Јанта волеј од Скопје.
Младите велешани одбојкари дадоа силен отпор (19,23,19) но не освоија ниту почесен сет против гостите кои ја забележаа четвртата победа и останаа седми .
Така по 9 кола ГОК Борец е претпоследен 9-ти со една победа и осум порази. Од спортските настани останува уште изборот за најдобриот спортист за оваа 2018-та година.
Tweet |