Петар Печков
Објавено: среда, 16 декември 2020
Арена Тодор Проески Скопје
Главен судија: Александар Грујоски од Кичево
Стрелци: Станковски 15‘, 71‘ (ФК Р) Прелчец 12‘ (ФК Б)
картони: жолт -Лазаревски, Стојков (ФК Р); Ристовски (ФК Б)
ФК Работнички: Лазаревски, Зука, Ѓорѓевиќ, Ѓурѓевиќ, Силјановски, Шаркоски, Стојкоски, Стојков, Станковски, Јевтоски, Трајковиќ играа и Пецов, Тодоровски, Максимов, Муарем
Борец: Ѓоргиевски, Ристовски, Стојчевски, Трајановски, Коцев, Прелчец, Силва, Ристовски, Ефтимов, Трајков, Ристески играа и Пеев, Десниќ, Ѓорѓиев, Стоименовски
Со пораз во 18-то коло на Првата фудбалска лига, екипата на ФК Борец ја заврши есенската сезона. Загубија на Арената Тоше Проески, од ФК Работнички со 2:1, иако поведоа со голот на Прелчец во 12-тата минута, осмо пласираниот тим на табелата со пресврт стигна до трите бода .
Во ова последно коло, во шест натпревари се случија пет изненадувања и гостински победи, единствено велешки Борец не беше кадарен за таков успех и радост.
Есенската етапа во која час блескаа, победуваа против фаворитите на гости со ФК Вардар во Скопје, со ФК Силекс во Кратово, губеа од фенерџиите ФК Ренова во Тетово, ФК Академија Пандев во Струмица.
По 18 кола ФК Борец го заврши овој дел од настапите на Првата лига, на петтото место со 25 бода, колку што има и скопски Вардар. Првенството продолжува во средина на февруари, следната година.
Tweet |