Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 април 2021
Кошаркарите не КК Борец баскет во продолженија го победија тимот на КК Чаир и обезбедија трет натпревар со скопјани, во разигрувањето за пласман во Првата лига.
Гостите имаа три поени предност во завршницата (76:79), но сосема непотребно направија прекршок, вреден три поени, во последната секунда Стоименов израмни (79:79).
А во дополнителните пет минути , домаќините одиграа одлично и победија. Стигнаа до двоцифрена победа (97:87) која има дава нова шанса за пласман во следниот круг од натпреварите. Третата решавачка средба се игра во Чаир.
Ракометарите на ГРК Борец загубија во Драчево од истоимената екипа со 35:33 (15:16) во натпревар од осмото коло. Предноста за велешани од 23:25, домаќините ја анулираат и поведуваат а предноста од два гола до крајот ја сочувале за победа и да се израмнат со бројот на бодови до ГКР Борец, по 15.
Во следното коло кое се игра на 9-ти мај, ГРК Борец повторно гостува, овој пат во Гостивар на екипата на РК Риниа која е претпоследна со две победи.
Tweet |