Петар Печков
Објавено: среда, 16 јануари 2019
Четврток вечер, со претставата ,,Елешник,, работена на текст од Југослав Петровски а во режија на Елеонора Теова, започнува новата театарска година во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.
Веќе следниот ден е претставата ,,Синиот портокал,, која лани беше прикажана и во Софија и Загреб а се игра на мала сцена. Таа е по текст на британскиот автор Џон Пенхол а во режија на Александар Ивановски.
Познат е репертоарот до крајот на месецов. Сомнително лице на Нушиќ а во режија на Венцислав Донев ќе се прикаже вторник 22 јануари, четврток 24-ти јануари е најиграната претстава во 2018-та ,,Тоалет за дами,,.
Сабота 26 јануари е за претставата ,,Спанаќ со пржени компири,, која повторно се враќа на сцената а на 29-ти јануари е ,,Театар љубов моја,,. Сите претстави почнуваат во 20 ч.
Во театарот во тек се пробите за првата годинешна премиера претставата ,,Кредит,, во режија на Ненад Витанов со Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски.
Tweet |