Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јуни 2022
Српско Народно позориште од Нови сад на 16 јуни гостува во Велес со театарската претстава „Тартиф“ во режија на недамна починатиот Игор Вук Торбица.
Претставата се реалзира во рамките на протоколот„Наши денови“, чии основачи се Српско Народно Позориште -Нови Сад, Београдско драмско позориште- Белград и Новосадско позориште Ујвидеки Шиназ, кој има за цел да создаде мостови за соработка меѓу партнерите и да поттикне театарска размена.
Од неодамна Народниот театарЈордан Хаџи Константинов-Џинот од Велес стана дел од оваа мрежа.Како прва активност во Велешкиот театар е гостувањето на „Тартиф“.
„Тартиф“ е авторски проект на Игор Вук Торбица, работена според мотивите од оригиналната Молиерова комедија „Тартиф“, а со поднаслов „Комично во класичното“. Тоа е театарска копродукција меѓу Српско Народно Позориште и Народно Позориште Сомбор.
Автор и режисер на проектот е Игор Вук Торбица, сценографијата на потпишува Андреја Рондовиц, костимографијата Јелисавета Татиќ Ќутурило, а композитор е Владимир Пејковиќ.
Улогите ги толкуваат: Саша Тодоровиќ како Тартиф, Хана Селимовиќ како Дорина, Нинослав Жоржевиќ како Оргон, Тијана Марковиќ како Елмира, Марко Марковиќ како Клеант, Билјана Кесеновиќ како госпоѓа Пернел, Даница Грубачки како Маријана, Марко Савиќ како Дамис, Душан Вукашиновиќ како Валер, Немања Бакиќ како Баскес, Милорад Капор и Драгана Шуша како Судски извршители.
„Тартиф“, дванаесеттиот од петнаесетте дијаманти на прерано заминатиот Игор Вук Торбица, во своето портфорлио има преку триесет награди на релевантни театарски фестивали.
Изведбата на претставата е на 16 јуни во 20 часот, на големата сцена- „Петре Прличко“.
Tweet |