речник контакт

Со проект за компостирање, децата од Велес, од мали нозе учат на обработка на органскиот отпад во компост

Проектот е финансиран од ЕУ и кофинасиран од Општина Велес

Петар Печков

Еколошкото друштво Вила Зора од Велес подели на Детската градинка од градот 10 електрични апарати кои произведуваат компост од органски отпад. Со компостирањето се овозможува да се врати органскиот материјал во почвата од каде што потекнува, по истиот тек како што се создава во природата.

„Апаратите компостери се исклучиво за органски отпад, отпадоци од органска храна. Се тоа што се употребува како храна во градинките и што останува, се употребува во компостерот. Процесот во апаратите  трае 5 пет и пол часа“ - кажа Сашка Коцевска од ЕД Вила Зора,
Компост е ѓубриво кое се добива од разни видови органски отпад како што се лушпи од зеленчук и овошје, трева, лисја, слама, пилевина, талог од кафе и чај. Овие материи се разложуваат и создаваат органски хумус кој може да се користи во нивите и градините.

„Со проектот се развива еколошката свест кај децата, свеста за штедење енергија, свеста за рециклирање, свеста за употреба и користење на органскиот отпад “ рече Славица Алексовска психолог во Детската градинка „Димче Мирчев од Велес.

Овој проект „Селектирај -компостирај“  за прв пат во Македонија се реализира во Велес. Интерес за негова примена пројавиле и средните училишта од градот.  За почеток се едуцираа децата од градинката „Димче Мирчев“.

„Кога се покрева јавната свест, најуспешно е ако е од  децата, мали нозе. Токму затоа се одлучивме за децата од градинките дополнително, во градинките се подготвува храна и има органски отпад“ рече  Олгица Наумоска од ЕД Вила Зора.  

Проектот е  финансиран од ЕУ и кофинасиран од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »