Петар Печков
Објавено: петок, 13 јуни 2014
Со промоцијата на електронската едиција на делата на сите досегашни добитници на Рациновото признание започнаа содржините од годинешните 51 Рацинови средби. Тоа е издание на Градската библиотека ,,Браќа Миладиновски,, од Скопје, на младата екипа од одделот за дигитализација која работела десетина месеци.
Оваа значајна фаланга од романсиери, раскажувачи со своите овенчани книги ја разлеаја славата на македонската книжевност. Со бројните преводи на многу светски јазици го закрепнаа македонскиот книжевен и културен идентитет. Оваа едиција од денес ќе биде достапна и на електронската страница на нашата библиотека а со тоа и до сите трезори кај нас и во светот. Така побрзо и полесно, непречено ќе бидат достапни до читателите – рече Бранко Цветковски директор на библиотеката ,,Браќа Миладиновци,,.
Тој првата едиција на дигиталното издание на сите 40 дела им ја подари на велешката библиотека ,,Гоце Делчев,,. На отворањето ан Рациновите средби беше промовирано и двојазичното издание на Бели мугри. Во издание на Матица Македонска излезе од печат ,,Бели мугри – Бела свитања,, на македонски и хрватски јазик. Препевот на хрватски е на Звонимир Голаб. На овој начин се одбележува 75 годишнината од издавањето на оваа книга, отпечатена 1939-тата во Самобор Хрватска. Промотор беше Раде Силјан.
Рацин е првиот македонски писател кој јасно го разбираше јазикот и на работникот и на интелектуалецот. Благодарение на неговото дело, тој стана поет легенда за македонската литература и култура. Со неговото дело Рацин застана во редот на имињата национални величини на балканските народи како Његош, Караџиќ, Ботев, Прешерн, Мажураниќ - рече Силјан.
Истовремено беше отворена изложба на грнчарски производи од минатогодишната работилница која се одржа во рамките на 50-тите Рацинови средби.
Tweet |